Ординација Атик Кор

За нас

Атик Кор е приватна здравствена организацација, со повеќе од 23 години стручно медицинско искуство. Во Атик-кор ординацијата се обезбедува комплетна интернистичка проценка на пациенти со ризик за срцеви заболувања и стекнати срцеви болести со помош, а исто така и на пациенти со ендокринолошки заболувања.

Историја

Атик Кор е формирана во јули 1994 година од страна на Научен соработник Др.Јосиф Наумовски, истакнат кардиолог од клиниката за кардиологија при медицинскиот факултет во Скопје, еден од основоположниците на лабораторијата за катетеризација на клиниката.
Во текот на овие 23 години, доктор Наумовски обезбедуваше кардиолошка и интернистичка дијагностичка дејност на широка популација од Македонија и соседните земји од доменот на срцевата патологија применувајќи методи на испитувања од современата неинвазивна кардиолошка дијагностика.
Денес, во ординацијата се обезбедува комплетна интернистичка проценка на пациенти со ризик за срцеви заболувања и стекнати срцеви болести со помош на дијагностички методи како екг, базична и напредна ехокардиографија, коронарен стрес тест, васкуларен доплер и холтер екг. Истотака се идентификува потребата од дополнителни дијагностички методи како стрес ехокардиографија, перфузиона сцинтиграфија или коронарографија, а по потреба пациентите се испраќаат и на кардиохирургија.
Во ординацијата се изведува и скрининг на внатрешни стомачни органи – ехо на адбомен со доплер на ренални артерии.
Кабинет за тироидна жлезда – долгогодишно искуство во дијагностицирање, третман и следење на заболувањата на тиродната жлезда: хипотиреоза, хипертиреоза, тироидна очна болест, болести на тиродната жлезда во бременост, бенигни и малигни болести на тироидеата.
Кабинет за ендокринологија: 35 години искуство во дијагностика и третман на дијабетес и компликации, болести на хипофиза, тироидната жлезда, надбубрежна жлезда и репродуктивната ендокринологија.

ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН ОНЛАЈН