Срцев шум! Дали крие опасности?

Шумот е звук кој настанува како резултат на крвотокот, на пример, кога крвта поминува низ проблематичен залисток (вентил) или пак, поради состојба која предзивикува вашето срце да работи побрзо и срцето треба да испумпа побрзо во споредба со нормалното.

Повешето шумови се невини не бараат третман, но постојат исклучоци.  Шумовите потенцијално можат да бидат поврзани со оштетени залистоци, а  некои луѓе имаат вродени мани ан слизтоците.  Кај некои пак тие се јавуваат со стареењето или како дел од друг проблем.

Чести причини кои предизвикуваат забрзана срцева работа се анемијата, високиот крвен притисок, хиперактивна тиродна жлезда и треска.

Во случај кога шумот произлегува од залистокот, тој настанува како резултат на изменетата хемодинамика во самото срце или помеѓу срцевите комори и големите крвни садови, аортата и пулмоналната артерија. Именео, срцето е пума која се состои од две преткомори (атриуми) и две комори (лева и десна) и крвна преку преткоморите  навлегува во коморите, а од таму во белите дробови (низ пулмоналната артерија) и ни целото тело (преку аортата).  Во случај на вродени аномалии (како на пример дефект во преткоморната или коморната преграда,, стеснување или нецелосно затворање на некој од залистоците (митрален, пулмонален или аортен)  кои можат да бидат вродени или стекнати или пак погрешно влевање на крвните садови во несоодветни срцеви шуплини (како транспозиција на големите крвни садови), срцето не работи во правилно, се случува изменет тек од еден во друг компартман и како резултат на тоа се јавува пропратен звук – срцев шум.  Интензитетот на шумот зависи од степенот на аномалијата која го предизвикува.

Во секојдневната лекарска пракса, често се среќаваме со шумови предизвикани од пролпас на митралниот залисток и шум кај аортна стеноза.

Првиот настанува како резултат на недоволно затворање на митралниот залисток во време на тн систола (срцева контракција) кога левата комора ја испумпува крвта низ аортата, но еден дел од тој волумен се враќа во левата прекотмора поради пролапсот. Сериозноста на шумот (поточно пролапсот) всушност зависи од волуменот на таа крв, бидејќи во прво време функционира адаптивен механизам на срцето, кој доколку не се реши оперативно, може да се влоши да додведе до срцева слабост.  Шумот е обично музикален и најдобро се слуша на врвот на срцето и често му претходи еден, т.н клик. Во секој случај, кај  многу луѓе, пролапсот е од лесен степен и одлично се толерира, бидејќи пролапс на митралниот залисток често се дијагностицира и кај врвни спортисти.

Аортна стеноза е мана на аортниот залисток која се јавува поради недоволно отварање на злаитоците за време на систола (когалевата комора ја испумпува крвта кон аортата ), настанува поради вроден дволисен (бикуспиден) залисток како анатомска аномалија или поради стекнато оштетување на злаистоците обично поради ревматска треска или поради дегенеративни оштетувања на залистоците. Звукот е груб и рапав и неговиот степен зависи од изразеноста на стенозата. Има тенденција со времето да се влошува и доколку не се замени со вештачки залисток (механички или биолошки) доведува срцева слабост.

Се решава оперативно на класичена начин или пак интервентно, со помош на катетер се поставува протезата на позиција на аортниот залисток.

Дијагностицирањето на срцевите мани започнува со преглед, со аускултација на срцето , а продолжува со кардилошки преглед, со ЕКГ и ехокардиографија. Во денешно време, с о современите можности на ехокардиографијата точно се одредува видот на маната и нејзиниот степен како и начинот на лекување.

Сепак, најважен е пациентот кој треба да ги препознае симптомите и да се обрати кај лекар.

Search

+