Кардиологија

Краток текст за кардиологија – I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo. I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Услуги

Претставува основно, почетно испитување во кардилогијата со кое се снима електрична струја на срцевиот мускул и овозможува проценка на срцевот ритам, фреквенција и дава информација за срцевата оска, евентуално здебелување на срцевиот мускул или срцевите структури, недостаточна прокрвеност на срцевите артерии, последици од прележан инфаркт и др.

24 часовно снимање на срцевиот ритам со цел да се утврди основниот ритам, распон на фреквенција во мирување и при напор, присуство на ектопичен ритам од преткоморите или од коморите, како и појава на пречки во спроведувањето , т.н. блокови или паузи  како проценка за неопходност од пејсмејкер.

Претставува основна визуелизациона метода во кардиологијата со која се овозможува приказ на срцевите структури, комори и преткомори , срцевите залистоци, болести на срцевиот мускул, способност и сила на дејство на мускулот, а истотака и овозможува одредување на  функцијата на срцевите комори со помош на колор и пулсен доплер со што се поставува дијагноза  за најголемиот број од срцевите заболувања или констатира нормална функција на срцето.

Претставува напредна ехо метода со која квантифицира лонгитудиналната функција на левата комора со детекција и трасирање на лонгитудиналниот слој на срцевиот мускул како допОлнителна информација за проценка на срцевата функција. Се користи како рана сензитивна метода за проценка на почетна срцева слабост при заболувања на срцевиот мускул,  испади во работата на залистоците, проценка за кардиотоксичност на одредена терапија итн.и претставува современа, прецизна метода во навигацијата на срцевиот третман.

Претставува мошне важна, неинвазивна метода за проценка на коронарната циркулација со која се детектира продноста на срцевите  артерии.  Се користи т.н. Bruce протокол, кој се изведува вообичаено во три активни фази и фаза на опоравување.  Пациентот се движи на подвижна лента  со цел да се предизвика пораст на срцевата фреквенција предвидена за возраста и полот на пациентот и типично се анализира изгледот на ЕКГто  за време на движењето и за време на фазата на опоравокот.

Претставува визуелизациона метода со која се проценуваат магистралните крвни садови на вратот, заедничките каротидни артерии и нивните гранки, надворешната и внатрешната каротидна артерија, како и вертебралните артерии.  Прецизно се мери дебелината на т.н.интима медија на внатрешноста на крвниот сад со што се проценува степенот на инфламација и атероматоза. Исто така се мерат струјните брзини на крвта низ поедини сегменти од артериите и доколку постојат, квантитативно се проценуваат евнтуалните стенози  со што се одредува начин на третмант, конзервативен или инвазивен со операција и ангиопластика.

Периферниот васкуларен доплер ги прикажува артериските и венските крвни садови на нозете. Со артерискиот вообичаено се детектираат атероматозни промени, плаки и/или стеснувања на крвните садови и се проценува дали е потребен конзервативен третман или интервенција.

Венскиот доплер го прикажува протокот низ длабоките и површните венски садови, претставува метода т.н. златен стандард за идентификација на длабока венска тромбоза и проценка за отстранување (оперативно или ласерско)  на варикозните, проширени вени.