Diabetology, endocrinology, thyroid gland

[en]-Оваа гранка на интерната медицина овозможува проценка на функцијата на жлездите со внатрешно лачење, односно ендокриниот систем, додека дијабетологијата како нејзина подгранка обезбедува дијагностицирање, превенција и третирање на дијабетот (како последица на недоволно лачење на хормонот инсулин од страна на панкреасот и/или негова резистенција) и неговите акутни и хронични компликации.  Се вршат вообичаени анализи на серумската гликемија, гликозилиран хемоглобин А1Ц ХбА1Ц во крв, инсулинемија и останати параметри поврзани со гликорегулацијата. Се врши процена на дијабетичните компликации на малите и среднокалибарните артерии, нервите и дијабетичните рани.

Ендокринологијата се занимава со дијагностицирање и третман на болестите на хипофизата, тироидната жлезда, панкреасот, надбубрежните жлезди и репродуктивните жлезди (јајниците и тестисите). Најчести во општата популација  се заболувањата на тиродната жлезда,  дијабетот и полоцитичниот синдорм на јајниците, а поретко се среќава  секреторниот пролактином на хипофизата, кушинговиот синдром  како хиперплазија или аденом на надбубрежната жлезда

Thyroid gland

[en] -Тироидната жлезда е дел од ендокриниот систем и е под контрола на хипоталамусот и хипофизата, а го регулира целокупниот метаболизам на организмот, т.е. ја регулира работата на мозокот, срцето, црниот дроб, бубрезите, репродуктивните органи, хематопоезата итн. и е една од најчесто засегнати ендокрини жлезди. Нарушувања во нејзината функција доведуваат до нејзина намалена функција – хипотиреоза или засилена функција – хипертиреоза. Навремено поставената дијагноза на овие нарушувањанај доведува до успешно лекување. Се случува во ткивото на тироидната жлезда да се појават јазли (нодуси) кои можат, но и не мораат да влијаат на нејзината функција. Иако најчесто се работи за бенигни промени, важно е да се препознаат оние јазли кои треба дополнително да се евалуираат со тенкоиглена биопсија за да се утврди дали се малигн променети.
Заболувања на тироидната жлезда во текот на бременоста се посебно поглавје кое несомнено бара навремено препознавање и лекување.