Срцев шум! Дали крие опасности?

Шумот е звук кој настанува како резултат на крвотокот, на пример, кога крвта поминува низ проблематичен залисток (вентил) или пак, поради состојба која предзивикува вашето срце да работи побрзо и срцето треба да испумпа побрзо во споредба со нормалното.

Повешето шумови се невини не бараат третман, но постојат исклучоци.  Шумовите потенцијално можат да бидат поврзани со оштетени залистоци, а  некои луѓе имаат вродени мани ан слизтоците.  Кај некои пак тие се јавуваат со стареењето или како дел од друг проблем.

Чести причини кои предизвикуваат забрзана срцева работа се анемијата, високиот крвен притисок, хиперактивна тиродна жлезда и треска.

Во случај кога шумот произлегува од залистокот, тој настанува како резултат на изменетата хемодинамика во самото срце или помеѓу срцевите комори и големите крвни садови, аортата и пулмоналната артерија. Именео, срцето е пума која се состои од две преткомори (атриуми) и две комори (лева и десна) и крвна преку преткоморите  навлегува во коморите, а од таму во белите дробови (низ пулмоналната артерија) и ни целото тело (преку аортата).  Во случај на вродени аномалии (како на пример дефект во преткоморната или коморната преграда,, стеснување или нецелосно затворање на некој од залистоците (митрален, пулмонален или аортен)  кои можат да бидат вродени или стекнати или пак погрешно влевање на крвните садови во несоодветни срцеви шуплини (како транспозиција на големите крвни садови), срцето не работи во правилно, се случува изменет тек од еден во друг компартман и како резултат на тоа се јавува пропратен звук – срцев шум.  Интензитетот на шумот зависи од степенот на аномалијата која го предизвикува.

Во секојдневната лекарска пракса, често се среќаваме со шумови предизвикани од пролпас на митралниот залисток и шум кај аортна стеноза.

Првиот настанува како резултат на недоволно затворање на митралниот залисток во време на тн систола (срцева контракција) кога левата комора ја испумпува крвта низ аортата, но еден дел од тој волумен се враќа во левата прекотмора поради пролапсот. Сериозноста на шумот (поточно пролапсот) всушност зависи од волуменот на таа крв, бидејќи во прво време функционира адаптивен механизам на срцето, кој доколку не се реши оперативно, може да се влоши да додведе до срцева слабост.  Шумот е обично музикален и најдобро се слуша на врвот на срцето и често му претходи еден, т.н клик. Во секој случај, кај  многу луѓе, пролапсот е од лесен степен и одлично се толерира, бидејќи пролапс на митралниот залисток често се дијагностицира и кај врвни спортисти.

Аортна стеноза е мана на аортниот залисток која се јавува поради недоволно отварање на злаитоците за време на систола (когалевата комора ја испумпува крвта кон аортата ), настанува поради вроден дволисен (бикуспиден) залисток како анатомска аномалија или поради стекнато оштетување на злаистоците обично поради ревматска треска или поради дегенеративни оштетувања на залистоците. Звукот е груб и рапав и неговиот степен зависи од изразеноста на стенозата. Има тенденција со времето да се влошува и доколку не се замени со вештачки залисток (механички или биолошки) доведува срцева слабост.

Се решава оперативно на класичена начин или пак интервентно, со помош на катетер се поставува протезата на позиција на аортниот залисток.

Дијагностицирањето на срцевите мани започнува со преглед, со аускултација на срцето , а продолжува со кардилошки преглед, со ЕКГ и ехокардиографија. Во денешно време, с о современите можности на ехокардиографијата точно се одредува видот на маната и нејзиниот степен како и начинот на лекување.

Сепак, најважен е пациентот кој треба да ги препознае симптомите и да се обрати кај лекар.

Спортот е здравје! Но што треба да знам пред да почнам да спортувам?

За спортот е познато дека е полезен и дека е потребно редовно да се вежба бидејќи го јакне срцевиот мускул, го намалува крвниот притиок, помага во регулирањето и одржувањето на телесната тежина, го намалува стресот, го јакне расположението и самодовербата и секако, помага да се дојде до подобар сон.

Пред да започнете да вежбате, потребно е да му ги поставите следниве прашања на вашиот доктор:

  1. Колку можам дневно да вежбам?
  2. Колку често да вежбам неделно?
  3. Кои активности да ги применувам, а кои да ги избегнувам?
  4. Дали лековите кои ги земам треба да ги подредам според мојот распоред на вежбање?
  5. Дали е потребно да го мерам пулсот додека вежбам? Кон кој пулс треба да целам?
  6. Дали постојат знаци на предупредување на кои треба да внимавам?

Постојат аеробни вежби: со нив се забрзува работата на срцето и намалува крвниот притисок и вам (во зависност од она што ви е дозволено од вашиот лекар) можете да: пешачите, џогирате, скокатена јаже, возите велосипед, скијате, лизгате, возите кајак и танцувате.

Анаеробни вежби (вежби на резистенција) ги засилуваат и зголемуваат вашите мускули.  Обично се однесува на вежби во фитнес сала, односно кревање на тегови, но и планинарење, трчање (со побрзо темпо).

Комбинирани вежби во сала: пилатес,  зумба танцови.

Кога се започнува со физичка активност се препорачува да се започне полека, со мал интензитет, да биде речиси секојдневно, што е можно повеќе и почесто, но делотоворна е секоја вежба во споредба со физичката неактивност.

Постепено да се зголемува интензитетот, на почетокот потребно е да можете да зборувате за време на вежбањето, што значи дека доклку не можете да зборувате, за вас е преинтезивно.

Потребно е да го анимирате својот распоред на вежбање, односно да го приортизирате, обично подобро се вежба во друштво.  се вежба најмалку еден час по оброк, се започнува со загревање, активностите да се одвоваат со благо темпо, што му овозможувана вашето срце и мускулите постепено да се прилагодат на напорот.

Секоја сесија вежбање завршува со постепено намалување на напорот и вежби за ладење (истегнување на мускулите), наглиот прекин може да доведе до појава на несвестици, вртоглавица па дури и прескоци во работатана срцето.

Рехидрирањето е задолжително.

Посебно внимание се препорачува  во однос на вежбањето во летниот период поради можноста за појава на топлотен удар, затоа не се препорачува да се вежба при високи температури и во делови од денот кога најтопло.

Информација повеќе околу популарното џогирање и маратонско трчање. Помалку подготвените учесници на маратон, се подложни на привремено оштетување на срцевиот мускул и тоа колку е помалку кондициониран кандидатот, толку е поголема повредата ан срцевиот мускул, според истражувањата презентирани на Канадскиот кардиоваксуларен конгрес.  За да имате здраво срце, не  епотребно да трчате на мартаон, но доколку веќе трачате, потребно е да ја проверите состојбата на вашето срце.

Физичка активност која се препорачува за здрав кардиоваскуларен систем е 60 – 90 мин дневно.

Search

+